Аматерски хуманитарен велеслалом во Маврово

На терените на Маврово, секоја година, традиционално се одржува Аматерскиот Хуманитарен Велеслалом

Оваа година поради пандемијата велеслаломот нема да се одржи, но ние заедно со вас продолжуваме со хуманост 😊

Веќе 19та година по ред компаниите имаат можност преку скијањето да помогнат на некого. АХВМ остварил многу хуманитарни цели, а овогодинешната е да се покажe хуманоста на непрофесионалните и професионалните скијачи кон оние на кои им треба нашата помош за соодветни услови за школување.

AHVM 2021


На 6ти и 7ми април во Ресорт Маврово скијаме за ученички дом „СЕДЕК КОСТОСКИ“ Маврови Анови, кој работи во состав на ОУ Денче Дејаноски,  Маврови Анови, општина Маврово и Ростуше. 

Во ученичкиот дом се сместени деца од прво до деветто одделение од околните села, како и деца од социјално загрозени семејства.
Сите приходи од скијачките карти купени на 6ти и 7ми април, Ресорт Маврово ќе ги донира на ученички дом „СЕДЕК КОСТОСКИ“ за реновирање на домот и и подобрување на условите за живот на децата кои таму домуваат. 

Испратете ги вашите вработени на чист воздух и малце одмор од секојдневието и помогнете им на децата од ученички дом „СЕДЕК КОСТОСКИ“ да имаат подобри услови за школување и околина која ќе им овозможи квалитетно образование. Ако немате скијачи во вашата компанија, но имате желба да им помогнете на децата, можете директно да донирате средства на ученички дом „СЕДЕК КОСТОСКИ“ Маврови Анови. 

За резервации, повеќе информации и прашања, обратете ни се на events@bistra.com

Останете здрави и хумани. 

.
.
.

.
Првиот аматерски хуманитарен натпревар во велеслалом се оддржа од 7-9 март 2003. Натпреварот се одржа на ски-лифтот „Галички“, во дисциплините паралелен велеслалом и велеслалом. Бројот на тимови изнесуваше 35 со повеќе од 100 учесници.