Маврово во зима
Ски центарот на Ресорт Маврово може да се пофали со одлично одржувани скијачки патеки од 1,255м до 1,860м надморска висина, обезбедувајќи совршени услови за скијање на природен и технички снег.

Скијачката зона се сервисира со 3 жичари и 11 ски-лифтови кои нудат 25 километри перфектно одржувани скијачки патеки кои се различни и идеални за рекреативни и професионални скијачи, како и за почетници.
Работното време на ски центарот е од 8-16 часот.

Ноќно скијање има секој петок и сабота во месеците јануари и февруари, со почеток од 19:00 до 22:00 часот.