13ти Аматерски Хуманитарен Велеслалом во Маврово

На терените на Маврово, секоја година, традиционално се одржува Аматерскиот Хуманитарен Велеслалом. Веќе 13-та година по ред, компаниите имаат можност да пријавуваат екипи составени од 3 члена кои се натпреваруваат два дена во квалификационa и финалнa тркa.

Првиот аматерски хуманитарен натпревар во велеслалом се оддржа од 7-9 март 2003. Натпреварот се одржа на ски- лифтот „Галички“, во дисциплините паралелен велеслалом и велеслалом. Бројот на тимови изнесуваше 35 со повеќе од 100 учесници.

Овој настан остварил многу хумани цели, а овогодинешната е да се покажe хуманоста на аматерите кон професионалците. Донацијата од овогодинешната хуманитарна активност ќе биде со цел да им помогнеме на нашите атлети од Специјалната Олимпијада на Македонија за што поквалитетни подготовки, учество и видни резултати на овие Летни Олимписки игри, САД 2015.

Преку хуманост до врвни спортски достигнувања во светот

Специјалната олимпијада оваа година ќе се одржи во Лос Ангелес , САД, каде нашата земја доби квота од 26 учесници што е голем предизвик и е од огромно значење не само за спортот туку и за нашата држава.

Овие Олимписки игри се предвидени да бидат најголемиот хуманитарен светски настан одржан до сега со учество на 7000 атлети од 177 земји кои ќе се натпреваруваат во 25 Олимписки спортови.

За учество на овие игри се потребни над 65.000EUR, и затоа овој настан има за цел да обезбеди поддршка на нашите претставници кои со гордост ќе ги бранат боите на Македонија.

Да ги поддржиме олимпииците преку спортот и снежните авантури

Вашиот тим треба да се состои од 3-ца скијачи, членови во машка или женска конкуренција кои ќе се натпреваруваат во соодветните категории, аматери и оние кои активно (професионално) не се натпреварувале од 2005/2006 година. Котизацијата за учество на еден тим изнесува 12.000 денари. Oвие средства се уплаќаат директно на сметката на корисникот на нашиот хуманитарен пакет. За повеќе информации околу правилата и изведувањето на трките погледнете тука

Покрај официјалниот дел од ова натпреварување, учесниците имаат можност да учествуваат и во неофицијален дел, исполнет со многу забава и изненадувања. Дневните и вечерните забави се одлична можност за дружење и бизнис вмрежување помеѓу компаниите. Секоја година бројот на пријавени екипи расте, допринесувајќи со поголеми донации во хуманите цели зададени во годините што следат, учениците на овој традиционален настан ја покажуваат својата општествена одговорност, вложувајќи во грижата на заедницата, докажувајќи дека секој може да стори и нешто повеќе, а особено за оние на кои што помошта им е и најпотребна.

Освен хуманитарната цел, ова е одлична можност за подигање на тимскиот дух на вашите вработени и уживање во снежните авантури кои ги нуди овој настан, хуманоста пред се, забавата, спортскиот дух во рамки на натпреварите, контактите со можните идни партнери, клиенти во секојдневното работење, пријателствата, се на едно место, во Маврово, од 20-ти до 22-ри февруари 2015 година.

Повикајте ги вашите колеги, направете тим и помогнете им на нашите олимпијци, преку вашиот спортски дух и желба за натпреварување, пријавете се на 13-иот по ред Аматерски Хуманитарен Велеслалом во Маврово.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!!

ЛОКАЦИЈА