ПРОШЕТКИ И ПЛАНИНАРЕЊЕ

Летните месеци се погодни за прошетки и планинарење. Широките ливади и чистите пролетни извори се привлечни за планинарски тури, кампување, планински велосипедизам и други видови рекреација. Меденица (2160м) е највисокиот врв на планината Бистра. Лесно е достапна и на само пет часа лесно пешачење од центарот "Заре Лазаревски". Започнете со искачувањето од хотелот Бистра, по патеката под двоседешниците која ќе Ве доведе до бачилото Трифкова Колиба. Од таму појдете кон Галичкиот скилифт и свртете десно кон патот за селото Галичник. По кратенката, минувајќи покрај малите езерца и тревнатиот терен на областа наречена Тони Вода, пешачејќи кон патот за селото Галичник, пресечете го патот и преминете на десната страна од каде што веќе и ќе можете да го забележите врвот Меденица. Искачете го најблиското врвче од Вашата десна страна и по изохипса, полеак нагоре ќе се движите кон највисокот врв на Бистра. На самиот врв Меденица, со црвена боја е испишана надморската височина од 2.163 м. Уживајте во прекрасниот поглед од врвот, поблиску до природата.

Чувајте ја околината и природата! Ве молиме следете ги 10-те Интернационални планинарски правила: физичка подготвеност, планирање на турата, опрема, временски услови, информирајте некого за Вашиот план, водете сметка за временската должина на турата во двете насоки, никогаш не планинарете сам, не претерувајте, следете ги знаците и патеките, почитувајте ја природата!

ЛОКАЦИЈА