Пропозиции и правила

Натпреварите ќе бидат крајно професионално организирани. За таа цел Скијачкиот Центар од Маврово како организатор и иницијатор на оваа хумана велеслаломска трка, во соработка со Скијачкиот сојуз на Македонија веќе изготви програма и пропозиции, по кои ќе се одвиваат квалификационите и финалните трки. Натпреварувањето ќе се одржи на патеката од Галичкиот ски лифт. Времето ќе се мери електронски, Директор на трките е реномираниот, меѓународен судија, Г-н. Виктор Крстевски-Викса, а веќе традиционално главен судија на натпреварувањето е Г-н. Јохан Елзесер. За овој настан, патеката ќе ја постави Гоце Петков од „Snow Sports Academy Mavrovo”.

Натпреварот ќе започне со едно квалификациско возење за сите пријавени натпреварувачи. Најпрво ќе стартуваат натпреварувачите во женска конкуренција, па оние кои се над 40 годишна возраст (сениори), а за крај, најмладите или сите оние кои се родени пред и заклучно со 1975 година. Најдобрите 8 или 16 од секоја категорија ке се квалификуваат за финалните паралелни трки во недела. Во зависност од бројот на пријавени натпреварувачи, во петок пред состанокот ке се одлучи колку финалисти во секоја категорија одат понатаму. За екипниот дел од натпреварувањето кое завршува во сабота, се важат најдобрите две времиња од трите натпреварувачи од квалификациската трка. Екипите пријавуваат по три аматери скијачи, членови во машка или женска конкуренција кои ќе се натпреваруваат во соодветните категории, аматери и оние кои активно (професионално) не се натпреварувале од 2005/2006 година.

Секоја фирма учесник има можност на целната рамнина да постави свој банер или реклама (2m x 1m), а препорачливо е да направи и свое брендирано знаме (2m x 1m) со лого, за препознатливост и бодрење на своите екипи.

ЛОКАЦИЈА