ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

alpine skiing

Оваа година, за прв пат во Македонија ски центарот "Заре Лазаревски" во соработка со Македонската велосипедска федерација, означија три патеки за планински велосипедизам. Вкупната должина на патеките е 30км, од кои првата е долга 5.4 км, втората 9.4 км, а третата 14.4 км. Постои уште една патека која не е означена во моментов, поради тоа што започнува и завршува пред хотелот Бистра и се протега на патот кој го следи брегот на мавровското езеро од 34км должина.

По предходно барање за групи, скијачкиот центар би Ви организирал искачување со едноседешницата од каде што започнуваат трите патеки за планински велосипедизам. Трите патеки одат паралелно се до бачилото Трифкова Колиба и патеката за галичките ски лифтови. Првата патека оди лево кон местото Мирна Долина каде што секоја зима се оддржуваат натпреварите во нордиско скијање. Со искачување на врвот од жолтиот ски лифт и спуст по патеката од синиот ски лифт повторно се враќате на почетната позиција. Втората Ве води на патеките од галичките ски лифтови, лево позади падините на истите каде што по прекрасен тревнат терен доколку имате среќа можете да возите покрај некое крдо од диви коњи. Ќе минете покрај бачилото и патеката ќе Ве води на стариот макадам пат, свртувајќи лево ќе возите до врвот на жолтиот ски лифт.

Од таму ќе го видите бачилото Трифкова Колиба. Патот до почетната позиција е идентичен како и за првата патека. Третата патека минува покрај галичкото бачило и почетокот на истоимениот скилифт и по макадам патот Ве води до асвалтниот пат за селото Галичник. На раскрсницата десно имате можност да изберете по која од двете патеки би возеле спуст, приклучувајќи се на патот за хотелот Бистра. Доколку на истата раскрсница тргнете лево, асвалтниот пат ќе Ве води до селото Галичник. Четвртата патека е најдолгата патека и Ве води околу убавините на мавровското езеро, со можност да застанете и уживате во вкусовите на шумските јагодки и останатите шумски овошја кои се протегаат покрај патот.

Како планински велосипедист, Ваша одговорност е да возите безбедно и внимателно! Чувајте ја околината и природата!

ЛОКАЦИЈА