Купи карта онлајн

Добредојдовте

Уникатно и идилично зимско искуство

Повеќе од 50-тина години, снег, гостопримство, традиција и софистицирано спокојство се само дел од атрибутите со кои се привлекуваат зимските спортски ентузијасти од Европа  во Ски Центар Маврово. Не само амбициозни спортисти го ценат овој небесен зимски пејсаж, зимската сезона која трае од Декември до Април има многу што да понуди за туристи, планинари, гурмани и љубители на културата.

Маврово ски центарот е лоциран во општина Маврово и Ростуше, вгнезден во прекрасниот Национален Парк кој е оддалечен само 100 км од главниот град Скопје, што го прави Скопје Интернационалниот Аеродром најблизок до ски центарот.

 

Ски центарот може да се пофали со извонредни погледи на околните планини и мавровското езеро и со одлично одржувани скијачки патеки од 1,255м до 1,860м надморска висина, обезбедувајќи совршени услови за скијање на природен и технички снег. Скијачката зона се сервисира со 3 жичари и 11 ски-лифтови кои нудат 25 километри перфектно одржувани скијачки патеки кои се различни и идеални за рекреативни и професионални скијачи, како и за почетници. За дополнителна вредност на Вашиот престој и поголемо скијачко задоволство, ноќно скијање се случува секој петок и сабота.

 

Додатна Зимска Понуда

Скијачка школа каде можете да ги научите првите чекори во скијањето или сноубордингот, рентал и сервисен центар за скијачка и сноуборд опрема, полигон за почетници, санкачка зона, планинарење со дрезги, фристајл парк, велосипедизам на снег, нордиско или крос кантри скијање, ски туринг, сплит-бординг, фрирајд со ратрак, планински бачила, апрес ски барови, ресторани и бесплатен паркинг.