Политика на приватност

Приватноста и безбедноста на Вашите податоци се од голема важност за  нас. Без разлика дали резервирате соба или сте член на нашата Програма за лојалност, ние сакаме да верувате дека податоците што ни ги давате соодветно се чуваат и се заштитени.

Оваа Политика на приватност е изработена со цел да објасниме повеќе за тоа кои сме ние и како ги собираме и управуваме со Вашите податоци.

Кои сме ние

Оваа Политика на приватност ја издава К.А.К. ДОО Скопје и ги вклучува Хотелите: Бистра, Спорт и Лоџ (кои заеднички се нарекуваат „К.А.К. ДОО Скопје“, „ние“, „нас“ или „наше“ во оваа Политика за  приватноста) и истата ги опфаќа податоците кои ние ги собираме и користиме во текот на нашите деловни активности.

Лични податоци кои ги собираме и начинот на кој ги користиме 

Ние собираме и користиме лични податоци доколку направите резервација преку нашиот систем за резервација со кој ни испраќате барање за резервација, престојувате во хотел Бистра, Спорт или Лоџ или учествувате во нашата Програма за  лојалност. Ние генерално ги собираме овие податоци директно од Вас, но во некои случаи можеме да ги добиеме Вашите податоци од други извори. На пример, повремено вршиме промоции на социјалните мрежи каде што ги замолуваме корисниците на социјалните мрежи да упатат свој пријател со цел користење или добивање поволности на некоја од услугите кои ги нуди К.А.К. ДОО Скопје . Во овие случаи секогаш ги замолуваме корисниците да се осигураат дека секој оној што ќе го упатат е подготвен да ни ги предаде своите лични податоци, како и да ги упатат пријателите да ја прочитаат оваа политика за приватност доколку сакаат да дознаат повеќе за тоа како ги користиме нивните податоци. 

Вие не мора да ни ги дадете Вашите податоци, иако во некои случаи, ако не го сторите тоа, нема да можете да ги користите нашите услуги. На пример, можеби нема да можеме да ја комплетираме резервацијата која сакате да ја направите, или можеби нема да можете да учествувате во нашата Програма за лојалност.

 

Доколку правите резервација или престојувате во хотел Бистра, Спорт или Лоџ

Податоци кои ги собираме: Ние собираме податоци од Вас кога правите резервација преку нашиот систем за резервации или престојувате во хотел.  Податоците  собрани за време на резервацијата и за време на вашиот престој може да го вклучуваат следното:

  • Вашето име и презиме, адреса на е-пошта, домашна адреса, телефонски број, државјанство и податоци за платежни картички; 
  • податоци во врска со вашето членство во нашата Програма за лојалност 

Овие  податоци може да ни бидат доставени директно кога ќе направите резервација преку нашиот систем за резервации или директно во хотелот. Во некои случаи ние ги добиваме овие податоци од трети страни, на пример доколку резервирате преку онлајн туристичка агенција.

Како ги користиме овие податоци: Ние ги користиме податоците добиени од Вас првенствено со цел да ја пополниме вашата хотелска резервација и да одговориме на одредени законски обврски. Пред вашиот престој ова може да вклучува испраќање на Вашите податоци во хотелот или испраќање на пораки до Вас пред самиот престој. По вашиот престој, ние исто така можеме да Ви испратиме пораки и анкети за задоволство за да добиеме повратни податоци за вашето искуство.Во некои случаи доколку ја имаме Вашата согласност , ние ќе ви испраќаме маркетишки пораки за одредени промоции и новости  кои сметаме дека ќе бидат релевантни за Вас.

Доколку се вклучите во Програмата за лојалност

Податоци кои ги собираме: Ние собираме податоци од Вас со цел  членство во нашата Програма за лојалност . Податоциите собрани за време на вашето членство или учество во овие Програма може да го вклучуваат следното:

  • Вашето име и презиме, адреса на е-пошта, домашна адреса, телефонски број.

Како ги користиме овие податоци: Ние ги користиме Вашите податоци за да вршиме и обезбедуваме услуги во врска со нашата Програма за лојалност. Ние исто така Вашите податоци ги употребуваме и да исполниме одредени обврски согласно законските прописи.

Правна основа за обработка на Вашите лични податоци 

Ние сме обврзани да ги собираме и користиме Вашите податоци во согласност со законските прописи поврзани со заштита на податоците.

Ние ќе ги собираме, користиме и споделуваме Вашите податоци само доколку сме сигурни дека имаме соодветна правна основа да го правиме тоа.

Тоа може да биде поради тоа што:

  • вие сте ни ја дале вашата согласност за користење на личните податоци; 
  • користењето на Вашите податоци од наша страна е неопходно за да го извршиме нашиот договор со Вас, на пример, правењето и водењето на вашата резервација и вршењето и давањето услуги во врска со нашата Програма за лојалност во согласност со условите на нашиот договор со Вас; 
  • користењето на Вашите податоци од наша страна е неопходно заради исполнување на обврските кои ги имаме кон нашите регулаторни тела, органи за спроведување на законот, или за исполнување на нашите други законски обврски; 
  • користењето на Вашите податоци од наша страна е во наш легитимен интерес како, на пример за вршење, подобрување и информирање за нашите услуги  – во таков случај ќе се грижиме за Вашите податоци во секое време на начин кој е пропорционален и ги почитува Вашите права за приватност и каде што имате право на приговор.

Колачиња 

Што е тоа колачиња:  се еден вид пакет податоци што ги користат сервери за да испраќаат податоци за статусот до прелистувачот на корисникот и да ги враќа податоците за статусот на оригиналниот сервер преку истиот прелистувач. Врз основа на овој модел, податоците се прилагодени на Вашите потреби и начинот на кој обично го користите интернетот. Самите колачиња не можат да се користат за откривање на вашиот личен идентитет, без притоа да се поврзат со друг идентификатор, кој може да Ве идентификува. Со колачиња се идентификува уредот кој го користите.

Како ги заштитуваме Вашите податоци

Ние сме посветени на заштитата на доверливоста и безбедноста на податоците што ни ги давате. За таа цел, ние применуваме технички и организациски мерки за заштита од каков било неовластен пристап, откривање, оштетување или губење на Вашите податоци. Никогаш не може да се гарантира дека собирањето, преносот и складирањето на податоци е потполно безбедно, меѓутоа ние преземаме чекори за да обезбедиме дека се воспоставени соодветни безбедносни мерки за заштита на Вашите податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, но и во согласност со Општата регулатива за заштита на лични податоци(GDPR)

Контролирање на Вашите  податоци 

Ние сакаме да се осигураме дека ги имате неопходните алатки на располагање за да ги контролирате податоците кои ни ги давате, вклучувајќи го и начинот на којшто комуницираме со Вас. Доколку сакате да побарате преглед, корегирање, ограничување или бришење на личните податоци, ве молиме да кликнете ТУКА. Во вашето барање ве молиме кои податоци сакате да ги прегледате, корегирате, ограничите или избришете. Согласно законските прописи ќе ве известиме во најбрз можен рок.

Деца

Нашите веб-сајтови не се наменети за деца и ние намерно ниту бараме ниту собираме лични податоци од лица помлади од 18 години. Доколку ни биде укажано или на друг начин дознаеме дека биле несоодветно собрани лични податоци на малолетно лице, ќе ги преземеме сите оправдани мерки за да ги избришеме тие податоци. 

Чување на Вашите податоци во нашите системи

Ние обично ги чуваме Вашите податоци само онолку долго колку што е оправдано потребно за причините објаснети во оваа Политика  на приватноста. 

Промена во Политиката на приватност 

К.А.К ДОО Скопје  има право да ја ажурира оваа Политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница.