Купи карта онлајн

Ски Мапа

Еден наједноставен пример што ќе помислите дека се прави во два потега, а нам ни одзеде многу време е новата мапа на скијалиштето и планината. Мапата е слика преку која секој посетител ја проценува планината, ски стазите и се ориентира, поради тоа сакавме најреално да го претставиме скијачкиот центар во суштински најважната и најгледаната "слика" на еден скијачки одмор. Во соработка со Vertigo Visual, се сликаше планината со дронови во неколку наврати на различни локации за да добиеме генерална перспектива, потоа се продолжи со рачно дигитално прецртување на целата планина, цртање на секоја содржина, ски лифт, жичара...

Во целост ни беа потребни 3 месеци за да ја добиеме оваа прекрасна мапа која ќе ви помогне да имате беспрекорно уживање, ориентирање и скијање во Ски Центар Маврово.

а