Купи карта онлајн

Годишни ски карти - Сезона 2018/2019

ppst

 

Почитувани Скијачи и Сноубордери,

доколку сакате да го искористите промотивниот период за купување на сезонска ски карта за Ски Центар Маврово, треба да ги направите следните 2 чекори:

 

1. Во најблиската банка или пошта ќе уплатите 9990,00 денари.

Информации кои се потребни да се изврши и верификува уплатата се следните:

 

- Име и презиме и адреса од лична карта на корисникот на ски картата (за деца само име и презиме)

- Цел на дознака: Уплата за сезонска ски карта за (име и презиме)

- Датум и место на уплата

- Назив на правно лице: ДТУ Ски Центар Заре Лазаревски - Маврово, с.Маврово

- Жиро Сметка: 200-0000916163-95

- Износ: 9990,00 денари

 

pp10 уплатница

 

2. При подигање на картата на билетарата на Ски Центар Маврово треба да приложите копија од уплатницата, ќе бидете сликани и ќе ви биде издадена сезонската ски карта.

 

Напомена: Повратен депозит во износ од 150,00 денари за чипуваната/дигиталната ски карта ќе бидат наплатени при издавање на ски картата. Истите ќе можете да си ги повратите на крај на сезона кога ќе ја вратите ски картата во депозит машината лоцирана до билетарата на ски центарот.