Купи карта онлајн

Сноу Парк

Сноу Парк

За сите бордери и скијачи кои се заинтересирани да прават трикови на разни елементи и скокови, ви го претставуваме мавровскиот “Snow Park”.

Сите оние кои бараат нешто поекстремно или чувствуваат недостаток на предизвик на ски стазите, snow park-от е Вашиот прав избор. Скијачите и бордерите кои допрва ќе учат и ќе прогресираат низ елементите и скоковите билдајќи ги своите вештини, како и оние кои се поискусни во фристајл сегментот, ќе го пронајдат нашиот парк како нов епицентар во Ски Маврово, и прекрасно искуство.   

Технички податоци за паркот

-    8 елементи (4 - почетничко ниво, 4 - напредно ниво) 
-    3 скокови (3, 5, 7 метарски) 

Локацијата на паркот е веднаш до стазите за почетници, во непосредна близина на бачилото Трифкова Колиба. Погледот од паркот на мавровското езеро дополнително ќе ве мотивира, што значи подгответе ги камерите и тренирајте ги вашите вештини. Споделете ги вашите фотографии и видеа со користење на хаштагот #snowparkmavrovo.

За повеќе информации и попусти за групи и клубови, контактирајте не на snowpark@skimavrovo.com.