Купи карта онлајн

СО СРЦЕ ЗА ЗЕЛЕНО МАВРОВО

СО СРЦЕ ЗА ЗЕЛЕНО МАВРОВО

Почитувани љубители на природата, ајде да се здружиме сите заедно и да го исчистиме нашето Маврово од несовесното фрлање на отпад. 

Ски Центар Маврово заедно со еколошкото здружение Go Green - Биди Зелен организира акција за чистење на отпадот во текот на ноември (точната дата ќе биде утврдена наскоро). Во оваа акција може да се приклучи секој, од поединци, здруженија, компании до јавни институции, со цел да се остварат поголеми резултати од општествен интерес.

Како прв чекор од оваа иницијатива е лоцирањето на отпадните локации. Ве замолуваме сите оние кои го посетиле Маврово или планираат да го посетат, доколку увидите смет на некоја локација, да не информирате за истата за да може да направиме соодветен план за негово чистење. Процесот е следен: 
1. Фотографии од отпадот (максимум 4)
2. Пишете ни на која локација се наоѓа отпадот (описно или GPS координати)
3. Опис на отпадот (за каков вид на отпад станува збор)
4. Испратете ни ги овие информации на greenmavrovo@gmail.com

Ова е најмалку што можеме да направиме за оваа наша природна убавина која ретко кој ја има, па уште еднаш Ве повикуваме сите љубители на чистиот воздух, уживатели на планинските височини и совесни граѓани, приклучете ни се во оваа акција и ајде заедно со срце за Маврово да се здружиме и да го направиме преубаво за нашата иднина.