Купи карта онлајн

Спортски центар Маврово

Спортскиот центар Маврово и нашите хотелски капацитети, во летните месеци, ви нудат извонредно поволни услови за летни, спортски подготовки на вашата екипа.

Thumbnail

Идеалната надморска височина (1.200м.), поволните климатски карактеристики, понудата за тренинзи на отворено и во сала, можноста да се користи жичарницата за вежби на повисоки надморски височини, содржините на хотелите и опременоста, се одлични предуслови за квалитетни, спортски, тренажни процеси и подобрување на општата физичка и здравствена состојба на спортистите, во еден вистински, тимски ритам и дух. За победи!

Во склоп на Спортскиот центар Маврово, во непосредна близина на хотелот Спорт и Мавровското Езеро, се наоѓаат асфалтното тениско, кошаркарско и ракометно игралиште, тревнатото фудбалско игралиште и спортската сала. По договор, имате можност и за користење на жичарницата и вежби на падините на Бистра.

Добредојдовте!