Известување за мозаикот на Глигор Чемерски на Старо Бачило во Маврово

Mavrovo spomenik

Ресорт Маврово го врати бетонскиот постамент на мозаикот на Глигор Чемерски во првобитна состојба со помош на ЕКОДИМ ДОО. 

Со најнапредната машина наменетa за чистење со сув мраз Екодим безбедно и ефикасно ги отстрани сите слоеви на боја од бетонскиот постамент на мозаикот на Глигор Чемерски од претходните интервенции на истиот. Машината Cold Jet PCS 60, од палетата на производи Cold Jet, е намената за безбедно обновување на историските споменици и скулптури ширум светот, без користење на рачни алати или штетни хемикали. 


Повторно ги повикуваме сите оние кои сакаат да го видат ова уметничко дело да го посетат и заедно да работиме на негова популаризација, но најбитно од се, е неговата заштита; да не остане без соодветна грижа и да не се доведе повторно во состојбата во која што беше, прекриен со недолични пораки и нефункционална фонтана исполнета со смет.