Mavrovo Thrones

MAVROVO THRONES е ултимативна трка, со која сакаме да ги пронајдеме најбрзите маж и жена на планината и да ги прогласиме за Кралот и Кралицата  на ски центарот во Маврово. 

Сите пријавени стартуваат од горниот почетен дел на Жолтиот ски лифт а финишираат на крајот од ски патеката под едносед (Корја). Секој ја избира својата стаза по која ќе се движи без никакво правило. Сепак, за време на трката ќе има 2 точки каде натпреварувачите ќе мораат да поминат (check point) и тоа:
1 точка – Меѓустаница на двосед жичара
2 точка - Старо Бачило
 

Оваа година за Кралот и Кралицата, Ски Центар Маврово обезбедува:
- Парична награда од 500 ЕУР
- Сезонска ски карта за ски сезона 2020 / 2021
- Ваучер од 5000 ден. од Про Спорт; 

 

a

ПРАВИЛА НА ТРКА 
•    Секој учесник мора да биде полнолетен 18+;
•    Секој учесник мора да носи кацига и соодветна ски/бордерска опрема;
•    Масовен старт по категории (мажи, жени) без разлика дали сте скијач,бордер итн;
•    Строго е забрането користење на моторни и механички превозни средства (ски лифт, жичара, ратрак, моторна санка) за време на траката;
•    Секој учесник мора да се појави на сите контролни точки наведени погоре;
•    Максимално коректно однесување према противниците, несоодветно однесување ќе биде санкционирано со дисквалификација;
•    Доколку не се почитуваат правилата, следува дисквалификација;

 

s

 

ПРИЈАВУВАЊЕ
•    Пријавување за трката можете да направите до 23.01.2020 на следниот мeил events@bistra.com;
•    Партиципацијата за овој настан изнесува 500 денари (по пријавувањето ќе добиете линк за on-line плаќање);
•    Партиципацијата може да ја платите и on-line на следниот линк skipass.skimavrovo.com

АГЕНДА НА НАСТАНОТ

08:00 – 14:00 часот - Пријавување / Доделување на стартните бројки пред или во хотел Лоџ
15:00 часот - Собир на сите учесници на Трифкова колиба
16:15 часот - Старт на трката од врвот на Жолт ски лифт
17:30 часот - Крунисување на Кралот и Кралицата пред "Ски Школа" бар