s

Mavrovo Thrones

MAVROVO THRONES е ултимативна трка, со која сакаме да ги пронајдеме најбрзите маж и жена на планината и да ги прогласиме за Кралот и Кралицата  на ски центарот во Маврово. 
Сите пријавени стартуваат од највисоката точка на скијалиштето (врв на Белички ски лифт) а финишираат на крајот од ски патеката под едносед (Корја). Секој ја избира својата стаза по која ќе се движи без никакво правило. Сепак, за време на трката ќе има 4 точки каде натпреварувачите ќе мораат да поминат (check point) и тоа:
1 точка - Галичко Бачило
2 точка - Првиот повратен ски лифт од кај Трифкова колиба (тој што не е во функција)
3 точка - Трифкова колиба
4 точка - Старо Бачило 

Оваа година за Кралот и Кралицата, Ски Центар Маврово обезбедува:
- Парична награда од 500 ЕУР
- Сезонска ски карта за ски сезона 2019 / 2020
- Ски / Сноуборд опрема од Про Спорт (скии, борд); 

 

a

ПРАВИЛА НА ТРКА 
•    Секој учесник мора да биде полнолетен 18+;
•    Секој учесник мора да носи кацига и соодветна ски/бордерска опрема;
•    Масовен старт по категории (мажи, жени) без разлика дали сте скијач,бордер итн;
•    Строго е забрането користење на моторни и механички превозни средства (ски лифт, жичара, ратрак, моторна санка) за време на траката;
•    Секој учесник мора да се појави на сите контролни точки наведени погоре;
•    Максимално коректно однесување према противниците, несоодветно однесување ќе биде санкционирано со дисквалификација;
•    Доколку не се почитуваат правилата, следува дисквалификација;

 

s

 

ПРИЈАВУВАЊЕ
•    Пријавување за трката можете да направите до 21.02. на следниот мeил thrones@skimavrovo.com;
•    Партиципацијата за овој настан изнесува 500 денари (по пријавувањето ќе добиете линк за on-line плаќање);
•    Партиципацијата може да ја платите и on-line на следниот линк - www.skipass.skimavrovo.com/index.php 

АГЕНДА НА НАСТАНОТ

08:00 – 12:00 часот - Пријавување / Доделување на стартните бројки во хотел Лоџ
13:00 – 15:00 часот - Пријавување / Доделување на стартните бројки на Галичко бачило
15:30 часот - Собир на сите учесници на Галичко Бачило
16:15 часот - Старт на трката од врвот на Белички ски лифт
17:30 часот - Крунисување на Кралот и Кралицата пред "Ски Школа" бар