Купи карта онлајн

МЕСТО ЗА ПЕРФЕКТНА ПЛАНИНСКА СЛИКА #abovemavrovo

Од оваа сезона во Ски Центарот во Маврово, се постави дрвен натпис на кој пишува "МАВРОВО", кој се надеваме дека ќе биде овогодинешна атракција за инстаграмџиите кои сакаат својата посета на ски терените и планинските убавини да ја обележат со убава фотографија. Буквите се поставени близу до горната станица каде завршува двосед жичарата над Трифкова колиба и е поставен на локација од каде се гледа езерото со убавите планински предели. Први кои го посетија ова место, беа агенциите од Косово и Албанија кои беа дојдени на информативен FAM TOUR каде се запознаа со можностите кои ги нуди Ски Центарот како и хотелите кои нудат сместувања за оваа ски сезона.

Доколку сте зависни од правење на добри фотографии, ова место е перфектно за ВАС!