Купи карта онлајн

Аматерски хуманитарен велеслалом во Маврово

Почитувани,
Како наш долгогодишен подржувач на традиционалниот хуманитарен настан, чест ни е повторно да ве поканиме по 16ти пат да завземете учество, со цел да скијаме за некого, да скијаме за нешто! Настанот оваа година ќе се одржи од 16-18 Февруари 2018та година.

Само накратко да ве потсетиме дека на терените на Маврово, секоја година, традиционално се одржува Аматерскиот Хуманитарен Велеслалом. Веќе 16-та година по ред, компаниите имаат можност да пријавуваат екипи составени од 3 члена кои се натпреваруваат два дена во квалификационa и финалнa тркa.

Првиот аматерски хуманитарен натпревар во велеслалом се оддржа од 7-9 март 2003. Натпреварот се одржа на ски- лифтот „Галички“, во дисциплините паралелен велеслалом и велеслалом. Бројот на тимови изнесуваше 35 со повеќе од 100 учесници. 

Овој настан остварил многу хумани цели, а овогодинешната е да се покажe хуманоста на аматерите кон оние на кои им треба нашата помош. Донацијата од овогодинешната хуманитарна активност ќе биде наменета за Здружението за хумано-општествен развој ПРОЕКТ СРЕЌА (http://www.proektsreka.mk/zanas) со цел помагање и унапредување на животниот стил, едукацијата, забавата и здрави животни навики кај оние категории граѓани кои тоа им е отежнато од различни причини, лица со загрозен социјален статус, лица со физичка и ментална попреченост, лица жртви на насилство,самохрани родители, и деца без родитески надзор или деца од социјално загрозени семејства, и лица кои живеат во тешко достапни реони, со спроведување акции, едукации, семинари, трибини, забавни манифестации и сл.

- ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ДА ПРИЈАВИТЕ ТИМ;

- ЧЕКОРИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ;

- ПРОПОЗИЦИИ И ПРАВИЛА;